Грујевски наредил шема за прислушување и во стан во зградата „парламентарка“

4516

Во стан во зградата кај новата Железничка станица во Скопје, позната како „парламентарка“ имало инсталирано посебен компјутер кој бил поврзан со компјутер од зградата на оперативна техника во МВР, а тоа било направено по барање на поранешниот началник на Петатта управа, Горан Грујевски.

Ова го кажа Звонко Костовски, еден од двајцата свиркачи од МВР кои ги открија „бомбите“, во неговото денешно сведочење за случајот „Таргет-Тврдина“.

Костовски овој детал го откри одговарајќи на прашање, како се одвивал процесот на принтање и транскрипција на нелегално прислушуваните разговори.

Компјутерот од зградата бил во континуирана криптирана комуникација со тој од оперативната техника.

– Тоа беше направено по барање на Горан Грујевски со цел логистичарот да не мора секојдневно да оди во тие простории и да ги презема материјалите, затоа што на овој начин би се создал сомнеж кај станарите кои живеат во зградата – рече Костовски.

Неговото сведочење е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...