Група мажи на мопеди нападна камп на армијата на Мали, загинале 10 луѓе

61

Група вооружени мажи на мопеди синоќа отворија оган врз воен камп во Мали, во близина на границата со Мавританија, соопшти портпаролот на армијата на Мали, Диаран Коне.

Тој наведе дека во инцидентот има и загинати, но не ја прецизира нивната бројка.

Вооружениот инцидент се случил во селото Гуире, а според очевидци загинале најмалку 10 луѓе.

Никој досега не презел одговорност за нападот, но групи поврзани со Ал Каеда се активни во тој регион.

Во минатомесечниот напад при што загинаа 20 војници одговорноста ја преземаа групи поврзани со Ал Каеда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...