Вечерва прилепчани се собраа во центарот на градот за да бидат дел од прославата што ја организира Владата за поканата Македонија да биде член на НАТО и за доделувањето датум за преговори со Европската Унија.
На големата бина во центарот на Прилеп настапи групата „5+“.
Со прилепчани заедно славеа и пратениците Хари Локвенец, Кети Смилевска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Прославата беше организирана од 20 часот, непосредно пред официјалниот почеток на третата фестивалска вечер на манифестацијата „Пивофест“.