Груевски ќе ја одложува казната колку што може, не коментира за исклучувањата

1340

Порaнешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска рече дека не ги знае аргументите и доказите за разрешувањата од партијата, и дека се воздржува од коментар за тоа. Тој додаде дека посакува силно, обединето ВМРО-ДПМНЕ кое, како што рече, „што ќе го урне ова зло“.

– Добив покана, но не можев да одам на прославата на ВМРО-ДПМНЕ. За помирувањето Зоран Заев нека одговори – изјави тој одговарајќи на новинарски прашања денеска пред судот.

Тој додаде дека ќе ги искористи сите правни можности за одлагање на казната, но додаде „живееме во ненормално време“.

– Не сум изненаден од одлуката. Само се присетувам на лицата на моите адвокати кога ми ја соопштија одлуката. Јас знаев. Тие не веруваа дека политички се одлуките – заврши тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...