Поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски денеска се очекува да дојдат во Кривичниот суд на рочиште за предметот на СЈО „Траекторија“.
Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.
СЈО тврди дека тројцата осомничени го оштетиле државниот буџет за околу 155.117.172 евра.