Експремиерот и азилант Никола Груевски преку Фејсбук му одговори на Алексис Ципрас дека грчкиот премиер никогаш не предложил разговори кои тој ги одбил. Груевски реагира на изјавата на Ципрас дека екс премиерот никогаш не сакал да преговара за промена на името.
„Во врска со изјавата за Financial Times на грчкиот премиер Алексис Ципрас, во која посочува дека јас како премиер никогаш не сум сакал да разговарам за изнаоѓање решение за прашањето кое Грција веднаш по независноста го отвори во врска со нашето уставно име, сакам да посочам дека всушност г-дин Ципрас никогаш не предложил такви разговори кои јас сум ги одбил“, пишува Груевски.
Тој потсетува дека пред доаѓањето на Ципрас за премиер водел интензивни разговори со Папандреу со кого имал 10 лично средби за отоа прашање, но за жал заради познатите грчки позиции или црвени линии не дошле до решение.
„Крајот на мојот мандат и почетокот на мандатот на Ципрас се поклопија само една година, а тоа беше од почетокот на 2015 до почетокот на 2016 година“, пишува меѓу другото Груевски.