Денеска е спроведена стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција.
Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати, напиша Никола Груевски денеска на својот профил на Фејсбук.
Тој денеска беше приведен и однесен со лисици на рацете во суд, кој пак го одби барањето за негова екстрадиција поднесено од македонските власти.