Груевски тепа време во мол (ВИДЕО)

1565

Излезе нова видео снимка од поранешниот премиер Никола Груевски, кој во ноември избега во Унгарија.

Новото видео го објави порталот 444.hu, го испратил читател и напишал дека е направено во саботата навечер во шопинг мол во центарот на Буимпешта во периодот кога речиси сите продавници биле затворени.

Осудениот експремиер избега во ноември лани, а обвинителството сѐ уште истражува дали некој му помогнал и како избегал. Денеска обвинителката Вилма Русковска изјави дека неговите телохранители се сослушани, додека членови на блиското семејство не се повикани да сведочат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...