Груевски „Тенкот“ го користел за подолги патувања

957

Може 10-15 пати се возев во мерцедесот, кога одевме на подолго патување, или кога другото возило беше на сервис, рече поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Сител, а за чија набавка во случајот „Тенк“ на СЈО доби две години казна затвор.

Предметите на СЈО кои се водат против него тој ги оцени како политички монтирана хајка.

-Во „ТНТ“ инвеститорот сам признава дека изградил дивоградба. Во „Титаник“ има редица непостоечки, измислени работи, поврзани со т.н. злосторничко здружување, повреда на избирачки права. Класични инсинуации дека со Мартин Протуѓер нешто сме се договарале. Не постои такво нешто, ниту има потпис, ниту сведоци против мене. Протестите во Општина Центар каде сум обвинет за поттикнување насилство, удирање шамари, тие шамари ниту постоеле, ниту биле удрени – рече Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...