Груевски со цитат од Андриќ: Мизерен е оној кој мора некого да понижи, за да се издигне самиот себе

1137
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Мизерен е оној кој мора некого да понижи, за да се издигне самиот себе, напиша на својот Фејсбук екс-премиерот Никола Груевски, цитирајќи го нобеловецот Иво Андриќ.

Постот на Груевски доаѓа во период на очекување на датумот на кој поранешниот премиер треба да се јави на издржување на затворската казна која му е одредена во предметот „Тенк“.

Тој во четврток треба да се јави во затворот во Шутка на издржување на казната затвор, а утре собраниската Комисија ќе расправа за предлогот да му се одземе мандатот поради недостојност за извршување на функцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...