Груевски снима филмови во Будимпешта, Пеливанов не добивал наредби од Катица

Обвинителот Пеливанов во тој период, односно од 5 август бил на годишен одмор и немал какви било контакти со поранешната шефица Јанева.

7118
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Груевски снима филмови и си прави свои верзии како што е и последната на приказната за „жабата и шкорпијата“, која ја раскажа на Фејсбук, како бегалец од правдата, коментираат извори од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кои тврдат дека нема вистина ниту во неговото тврдење, објавено доцна синоќа дека осомничената обвинителка Катица Јанева две недели пред да биде уапсена барала од Трајче Пеливанов, обвинител во СЈО да побара од сефот со „бомби“ компромитирачки материјали за премиерот Зоран Заев.

Катица Јанева, поради сериозни индиции за инволвираност во аферата „Рекет“ беше  уапсена на 21 август, а како што тврдат нашите извори, обвинителот Пеливанов во тој период, односно од 5 август бил на годишен одмор и немал какви било контакти со поранешната шефица, а најмалку пред да биде уапсена добивал наредби да бара компромитирачки материјали кои, како што велат изворите од СЈО, сѐ уште се чуваат во СЈО, под строги безбедносни мерки.

Груевски на Фејсбук, раскажувајќи ја својата верзија за „модифицираните бомби“ по  последните изјави на премиерот Зоран Заев поттикнати од тврдењето на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, тврди дека Заев ѝ ја скроил судбината на Јанева, уште пред да му ги предаде на СЈО прислушуваните аудио материјали.

Верушевски, во исказ даден како сведок на рочиште во судскиот процес „Таргет тврдина“ изјави дека бомбите доживеале модификација и компромитација по неговото лишување од слобода.

„Попусто Катица, две недели пред да ја затворат побарала од обвинителот Пеливанов да бара низ аудио материјалите нешто компромитирачко за Заев. Тој на време го среди тоа и во „Еленица“ околу Василица, всушност ѝ ја претскажа судбината, ама таа тогаш сѐ уште беше многу среќна поради функцијата и не помислуваше дека измамник си е измамник“, напиша Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...