Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на фејсбук по објавувањето на пресудата против него за случајот „Тенк“ на СЈО.
Во пораката на неговиот фејсбук профил тој ги повика македонските граѓани да ја кренат главата горе и да не забораваат дека ова е земја на сите кои живеат во неа и ничија друга и им порача дека доаѓаат подобри времиња.
Груевски денеска беше осуден од Кривичниот суд Скопје 1 на две години затвор бидејќи извршил влијание врз другите двајца обвинети на начин што од Гордана Јанкулоска побарал МВР да купи патничко возило „мерцедес“, а Јанкулоска, пак, го поттикнала Ѓоко Поповски при купување на возилото да го фаворизира економскиот оператор „Мак Ауто Стар“ ДООЕЛ Скопје.