На социјалните мрежи денеска кружи фотографија од поранешниот премиер Никола Груевски како се шета низ унгарскиот главен град.
Груевски кој веќе еден месец е азилант во Унгарија, според фотографијата, ужива во слободата во Будимпешта.
Засега не е познато кој е автор на фотографијата, ниту пак дали таа е автентична, иако унгарски новинари веќе ја споделуваат на Фејсбук и на Твитер.