Груевски се жали на Фејсбук: Мене ќе ме осудат со максимална казна затвор

1199

Во сите предмети ќе ме осудат со максимална затворска казна, иако во ниту еден предмет нема ниту кривично дело, а како резултат на тоа ниту елементарен законски доказ, пишува на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше осуден на две години затвор поради незаконска набавка на луксузниот „мерцедес“, а пред повеќе од три месеци побегна во Унгарија.

„Ова не го претпоставувам, туку имам информација од извори од внатре. Дури и сите други обвинети во некој предмет да ги ослободат, мене ќе ме осудат со максимална казна затвор. Така е договорено. Барем засега“, пишува Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...