Груевски се бара со меѓународна потерница

819
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Судот го донесе решението за меѓународна потерница за Никола Груевски и таа стапува на сила веднаш.

МВР веќе ја изготви потерницата и на својот сајт од национална ја смени во меѓународна.

– По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело ‘примање награда за противзаконито влијани’, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил, се вели во соопштението.

Министерството за внатрешни работи го информирало Основниот суд Скопје 1, по што Судот издаде решение за распишување меѓународна потерница за осудениот експремиер Никола Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...