Груевски само преспа дома, од утрово се враќа во судница

1209

Поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски утрово повторно ќе седнат на обвинителна клупа за предметот „Тенк“ на СЈО кој се однесува на набавката на луксузниот мерцедес од речиси 600.000 евра.

Вчерашното рочиште за овој предмет траеше околу 11 часа, од 10.30 наутро до речиси 22 часот. На него се слушаа прислушувани разговори кои се доказ во постапката.

Претходно, беа отфрлени барањата на одбраната „бомбите“ да не се пуштаат во судница и за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и судечкиот совет. СЈО тоа го оцени како обид на одбраната на обвинетите за одолговлекување на постапката.

Одбиеното изземање на судиите е доказ дека ова е политички, а не правен процес, оцени Груевски.

– Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд – реагираше  Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...