Груевски: Ова е трчи, лажи влада…

725
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski

Македонија треба и мора да влезе во ЕУ и НАТО, таму е нашето место, но не протуркана на инвалидска количка и не со скршена кичма. Оваа влада има најнизок раст во Европа, и наместо со нови конкретни иницијативи се занимава со маргинални прашања, рече пратеникот Никола Груевски пред да почне гласањето за интерпелацијата што ја поднесе ВМРО – ДПМНЕ.

-Денот по утрото се познава како ќе работи оваа влада. Се виде уште лани кога со странична интервенција се создаде оваа коалиција. Граѓаните од вас очекуваат нови работни места, нови фабрики, нови инвестиции, нови шанси и можности за да останат и да живеат тука, а не за да им се докажувате дека не патувате да носите странски инвестиции и со тоа штедите – рече Груевски.

Според него оваа влада е посветена исклучиво само на прашањето за промена на името на државата и тоа со спуштени преговарачки позиции како никогаш досега.

-Ова е трчи-лажи влада која секому му ветуваше што сака да слушне. Влада која верува и се надева дека на следните избори меѓународната заедница ќе им легализира нов изборен криминал затоа што ќе ги продадат нашите национални интереси и не се свесни дека ќе доживеат сериозен дебакал кои ќе го остават СДСМ во нови 10 години во опозиција. Сакам да му препорачам на Зоран Заев навреме да си се повлече од политиката, пред штетите да се преголеми – додаде Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...