Груевски не ја доби поддршката од Ахмети за пратеничкиот мандат

580

Али Ахмети го стисна зеленото копче „за“ во Собранието за да му биде одземен пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој правосилно е осуден на двегодишна затворска казна поради случајот „Тенк“. Осумгодишните партнери во Владата неславно ја завршија својата соработка, што почна да се ниша по неуспешниот обид да формираат коалиција по парламентарните избори во 2016 година. Речиси две години подоцна, лидерот на ДУИ целосно се дистанцираше од некогаш најблискиот соработник.

Владејачкото мнозинство, сепак, не успеа да собере 80 гласа за да му го одземе мандатот на довчерашниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ. Со 58 гласа „за“, како и 29 „против“, парламентарниот спикер Талат Џафери констатираше дека Груевски останува пратеник.

Извор: независен.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...