Никола Груевски не се појави во судот за изрекувањето на пресудата за случајот „Тенк„ кое беше закажано за во 1 каде доби двегодишна затворска казна.
Сепак, утрово во 9.30 часот тој дојде во судот на рочиштето за предметот „Траекторија“ кој се однесува на изградбата на автопатите Демир Капија- Смоквица и Миладиновци – Штип.
При влезот во Кривичниот суд тој се поздрави со семејствата на жртвите во „Монструм“ за кој рочиштето беше закажано во исто време.
Рочиштето за „Траекторија“ траеше кратко, се слушаа бомбите, а потоа адвокатите побараа одложување бидејќи требало да се спремаат за изрекувањето на пресудата кое беше закажано за во 12.30 часот.
По изрекувањето на пресудата, адвокатите на Груевски рекоа дека се разочарани, ќе поднесат жалба, не очекувале осудителна пресуда, а камоли затворска казна.
Поранешниот премиер нема да замине во затвор на издржување на казната се додека пресудата не стане правосилна.