Поранешниот премиер Никола Груевски не се појави во Кривичниот суд во Скопје да ја слушне првата пресуда за случај во кој тој е обвинет. Во судница дојдоа само неговите тројца адвокати во случајот.
Ѓоко Поповски кој вчера од неговиот адвокат побарал да не присуствува, сепак беше спроведен од затворот во Шуто Оризари до судот.
Груевски, како и секој обвинет, има право да не присуствува на рочиштето за изрекување на пресудата.