
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевсkи иако вчера не се појави на протестот организиран од неговиот наследник, Христијан Мицкоски, пред почнувањето на Фејсбук даде поддршка за митингот, а по завршувањето, исто така преку социјалната мрежа го оцени собирот како „одличен и моќен“.
„Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го лажат и плашат народот. Ова е негова земја“, напиша тој.