Груевски: „Лаки је мало нервозан“, Катица барала компромитирачки бомби за Заев

6811
Photo: EPA/ZOLTAN MATHE

Поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија на својот фејсбук профил, на долго и на широко коментира за ,како што вели, „муртинските приказни“ за Верушевски, Заев и „бомбите“.

„Преварантов наш и од Њујорк лаже. Советникот му го расипа меракот и комодитетот, барем за кратко, бидејќи според кажаното на неговиот шеф, тој веќе го решил сведокот во овие неколку дена, во правец да си го повлече зборот.

Со разни дообјаснувања, дополнувања, толкувања и слични трикови, за кои неговиот шеф е вистински махер и во миг ќе му смисли неколку, па овој нека бира.

Всушност, „махеров“ веќе на јавноста и прераскажа што сакал да каже сведокот, откако нели веќе со него разговарал, а сведокот сега само треба да го изрецитира тоа или слично на тоа во судот за 15-20 дена. Првото објаснување, односно информирање од портпаролот на сведокот е дека сведокот кажал така бидејќи бил разочаран од случајот „Рекет”.

Значи, бидејќи ,,портпаролот на сведокот” и Катица решиле да рекетираат, па со други снимки направени оваа 2019 година ги фатиле и пријавиле, сведокот толку се разочарал што во таа агонија на разочараноста ,,му светнало” да каже дека снимките предадени во СЈО пред 4 години, се страотно модифицирани и компромитирани откако тој бил лишен од слобода во 2014 година и дека тој не им ги дал на другите двајца сведоци, истите.

Муртински приказни…нели?“, вели Груевски во дел од својот пост.

Photo: EPA/ZOLTAN MATHE

&nbsp

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...