Избеганиот експремиер, Никола Груевски и во предметот за уривањето на „Космос“ познат во јавноста како „Т.Н.Т.“ доби адвокат по службена должност откако тие кои кој ги ангажираше го откажуваат полномошното во предметите каде тој е обвинет.
Во овој случај, денеска му беше назначен адвокатот Мехмед Сефери.
Ова не е прв случај во кој адвокатите го откажуваат полномошното, а судот назначува нов по службена должност кој ќе го плаќа државата. Истото се случи и во случаите „Титаник“ и „Насилство во Општина Центар“.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI