Груевски: За иста работа две различни одлуки

Груевски се жали дека со секојдневните рочишта не може да ја подготви одбраната и дека не може да биде политички активен.

586

Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше денеска поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО.

– За иста работа во четвртокот една одлука, денеска во вторник, друга одлука. Во четвртокот се процесираше, денеска се одби. Тоа покажува дека не станува збор за правен, туку за политички процес – рече Груевски.

Тој потенцираше дека против денешното одбивање на барањето, одбраната нема право на жалба и дека со тоа се потврдува дека станува збор за политички прогон. Груевски нагласи дека минатата недела, оваа и следната недела секој ден ќе биде повикуван на рочишта, што и според него, е во директна спротивност со начелата на судот во Стразбур за да не се даде можност за подготовка на одбраната. Груевски рече дека со ова се оневозможува и неговата работа во Парламентот за да не може да биде политички активен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...