Груевски: Заев и Пендаровски ќе прифатат дека Гоце Делчев бил Бугарин, само бараат соодветна формулација

2201
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Азилантот и експремиер Никола Груевски на Фејсбук се огласи за Договорот со Бугарија. Во подолг текст кој го почнува со заклучок дека дебатата за Гоце Делчев се чини како задоцнета, Груевски ги обвинува премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски. Првиот дека во периодот од 2014 до 2017 година во посетите на официјална Софија давал снимки од телефонски разговори на членови на македонската влада. Експремиерот тврди дека таа информацијата му се потврдила при во еден разговор бугарски европратеник во Брисел.

Пендаровски пак, го обвинува дека е во редовна лична телефонска комуникација со бугарскиот европратеник и дека тие „знаат се за нашите државни стратегии, планови, разговори и политики кон нив, бидејќи како што кажа, тој ги снабдил со мои и на моите соработници телефонски разговори по прашања поврзани и за кои би била заинтересирана Бугарија.

Според Груевски целта на Договорот со Бугарија било токму историското прашање, односно тезата дека Гоце Делчев бил Бугарин кој се борел за Македонија и дека актуелната власт тоа ќе го прифати само бара соодветна формулација.

– Зарем мислите СДСМ не беше свесна дека ако го потпише договорот со Бугарија онака како што соседите бараа, ќе дојде до овој момент? Па, целта на договорот беше токму ова. “Пријателството” беше “обландата”, да звучи во јавноста поевропски, иако договори со вакви наслови се повеќе познати од времето на комунистичките режими. Всушност нашите соседи не криеја дека прашањето за историјата им е најважното во договорот.

Но, кога сте прифатиле да бидете марионетска власт, веќе очигледно со цел за да ве остават да рекетирате и крадете, ќе работите за туѓи, а не за интересите на својот народ и нација. Нормално, како и сите марионетски влади, истовремено ќе водите пропаганда дека работите за својот народ. И секој ден ќе го плукате и прогонувате тој кој не ја прифати вашата улога. Ќе го прогласите не само за насилник, терорист, криминалец, корумпиран, измамник, фашист и слично, туку и за “жив ѓавол” кој мора да се затвори и уништи, бидејќи го покажува вашето “грдо лицe во огледалото” низ кое ве гледа народот. Оттаму доаѓа опседнатоста. Но, настрана тоа.

Се наѕира една од можните стратегии на македонската страна: „Гоце бил Бугарин, но се борел за слободна Македонија”.

Нашите иторичари ги знаат овие работи и многу повеќе во оваа смисла. Прашањето е колку ќе сакаат да го зачуваат својот личен интегритет, пред притисокот на политиката, е дел од она што го напиша Груевски на Фејсбук.

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...