Груевски е должен доброволно да се јави во затвор

2448

По денешната информација дека Апелацискиот суд во Скопје делумно ја уважил жалбата на првообвинетиот Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ на СЈО, а во целост ја потврдил казната на второбвинетиот Никола Груевски, Основниот суд Скопје 1 ги објасни следните чекори на судскиот систем.

„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд – Скопје КОКЖ – 23/18 со која делумно се уважува жалбата на првообвинетиот и во целост се одбива жалбата на второобвинетиот  во предметот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје со КОК 59/17, во јавноста познат како „Тенк“, ја информираме јавноста дека по приемот на предметот од Апелациониот суд истиот согласно АКМИС – електронскиот систем за процесуирање на предмети ќе биде распределен на судија за извршување санкции за натамошно постапување“, наведува судот.

Ѓоко Поповски во првична постапка беше осуден на 6,5 години затвор, а со одлуката на Апелацискиот суд неговата казна е намалена на 4,5 години затвор. На второбвинетиот Никола Груевски, пак, потврдена му е казната од две години затвор.

Според Основен суд Скооје 1, судијата за извршување санкции, согласно Законските одредби, изготвува упатен акт, што го доставува до осудените лица во предметот и истите, по приемот, се должни доброволно да се јават на извршување на определната санкција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...