Груевски до Русковска: Без вина да треба да влезеш во затвор воопшто не е соочување со правдата

1980
Photo: EPA/ZOLTAN MATHE

Никогаш не сум избегал од соочување со правдата. До последен ден одев на судските рочишта и за тие кои одблиску и непристрасно го следеа процесот покажав и докажав дека ме судат без вина во очигледен политички прогон со политички монтиран процес и дека судот, исто како и обвинителството, е ставен во политички цели и работи со политички мотиви и инструкции, и одговори на Фејсбук експремиерот Никола Груевски на обвинителката Вилма Русковска која на денешното судење за „27 април“ кажа дека Груевски кукавички избегал кога требало да се соочи со правдата.

– Затоа кога веќе завршија и се исцрпеа сите можни начини за докажување на вистината, соочен со неправдата и пораките за линч кои ги добивав, одлучив да заминам од земјата и времено да се засолнам од налетот на политичкиот прогон врз мене.

Неправедно и незаслужено, без вина и со политички конструиран случај да треба да влезеш во затвор во кој ти се спрема ликвидација, не е воопшто соочување со правдата. Како што не е бегање од правдата ако одбиеш да го прифатиш тоа, пишува меѓудругото Груевски на Фејсбук.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...