Груевски: Денеска одекна најсилната бомба, власта ја рушеле со монтирани снимки!

6249
Photo: EPA/ZOLTAN MATHE

Поранешниот премиер Никола Груевски на својот фејсбук профил вечерва се огласи по денешното сведочење на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и напиша дека денеска одекнала најсилната бомба, односно дека претходната власт е рушена со монтирани снимки.

„Денешното сведочење на Верушевски целосно ги компромитира и анулира претходните два сведока во тој случај на СЈО, сега ОЈО. Тој на судот му кажа дека тие го лажеле судот во своето сведочење повикувајќи се на координирана соработка со него. Не постои суд на светот кој исказите на тие два сведока после ова ќе ги земе за релевантни. Како што одат работите, ќе излезе дека Заев бил искрен кога ми кажуваше, што јавноста имаше можност да го види, дека снимките му ги дале некои странски служби со чии претставници лично се среќавал“, пишува Груевски и наведува дека „медиумите, новинарите, аналитичарите и хејтерите кои го поддржуваа СДСМ се мајтапеа со фразата „сечени, лепени, прелепувани и монтирани“. Можеби од маркетиншки аспект тие изрази не беа најдобро избрани, но беа вистината“.

„И сега конечно, помалку неочекувано, за многумина „неверници и оние кои свесно одбиваат да веруваат“ дојде сведочењето на Зоран Верушевски, во кое тој самиот кажува дека аудио снимките биле сериозно сменети, или како што кажа „модифицирани и компромитирани“ од оние кои тој му ги предал на Заев.
Е ова е „бомба“. Поголема од сите досега. Ова е најсилната „бомба“!!! Извршителите на целата операција јавно и во суд потврдуваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ беше компромитирана…“, пишува Груевски на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...