Груевски го „послужила среќата“ за азил, Унгарија годинава дала само четири

За помалку од пет месеци, според унгарската независна пратеничка Бернадет Сзол, вкупно 165 бегалци аплицирале за азил во Унгарија.

1224

Груевски е четвриот азилант кому Унгарија му одобрила статус на бегалец под меѓународна заштита, откако владата на Виктор Орбан од први јули ја воведе таканаречената „Стоп сорос“ програма за мигранти.

За помалку од пет месеци, според унгарската независна пратеничка Бернадет Сзол, вкупно 165 бегалци аплицирале за азил во Унгарија. При тоа 88 барања биле одбиени, процедурата за 65 сѐ уште трае, додека 8 барања биле повлечени. Само четворица баратели успеале да добијат азил. Меѓу нив е поранешниот македонски премиер, сега осуденик и беегалец Никола Груевски.

Сзол е дел од опозициската иницијатива која во унгарскиот парламент ќе се обиде да иницира анкетна комисија за Груевски затоа што сметаат дека владата на Орбан ги прекршила законите со давање азил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...