Груевски го нема никаде, ниту во „Шутка“, ниту на Комисија за уставни измени

1318
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Експремиерот Никола Груевски не се појави на Комисијата за уставни измени, каде денеска се раправа за третиот нацрт-амандман во втората фаза од процесот за уставните измени.

Тој до утрово не се пријави ниту во затворот во Шуто Оризари каде треба да ја отслужува затворската казна во времетраење од две години за предметот „Тенк“ поврзан со набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Претходно Груевски побара одложување на затворската казна, а како причина неофицијално ги навел пратеничките обврски на седниците за уставните измени.

Кривичниот совет вчера ја потврди одлуката на судијата за извршување на затворската казна.

Извор: Макфакс

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...