Груевски, врати си се бе брат

6673

Ела си, Уставен активира амнестија, не дека ако не беше то ќе легнеше, ама сега пак ќе можиш да вршиш функција. Кур те боли, шо по Пешта таму. И на СДСМ им требаш. Да не беше твојот режим немаше ни да е Заев, вака еден без друг немате поента. Ќе ве менваме на четири години да нè крадите, да е фер за двајцата.

Ела си, уште сѐ е на Мијалков, матер му јебеш и јас не знам како. Добро и на Вицето е дел, ама мора да фрлиш рипче за да фатиш крапче. Сите овде веруваме во соживот на Мијалков и Вицето и дека ќе нема никакви проблеми.

Им фалиш и на невладини. Секнуваат полека, јеби га, нема борба. Сите од први борбени линии се по институции, ко партизаните 45-та. Убо се живее велат во Македонија сега. Ја ребрендиравме вашата на СДСМ и на ДУИ компанијата во ДОО Северна Македонија, ама ионака суштината е иста, вие ќе си крадите, ние ќе си дремиме.

Овде велат дека СДСМ и ДУИ се де јуре на власт, а ВМРО де факто, значи сите сте си на власт. Овие малите партии сегде се. Така да дојди си, во слога и хармонија да нè крадете, ќе работиме повеќе да има повеќе за вас и другарчињата.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...