Груевски: Вакви монтирани случаи немало ни во турско време

1249

Ваква судска политичка хајка конкурира за хајка на столетието. Независно кој бил на власт или окупатор во оваа земја оваа хајка конкурира за една од најголемите. Вакви монтирани случаи не се паметат од почетокот на 20 век, ниту во турско ниту во комунистичко време, смета поранешниот премиер Никола Груевски кој денеска е на судење за набавката на блиндирано возило на МВР.

– Вакви случаи судот да се однесува дрско кон одбраната, дел од судиите на секои 15 минути да повишуваат тон, на адвокатите да им дадат само по една минута за да се искажат, да не се дозволува време да се подготват за следното рочиште, да ги третираат адвокатите од одбраната како да им се потчинети, а кон обвинителите да се однесуваат како тие да им се надредени што е недостоинствено за судот, вакви политички судења нема ни во Северна Кореа – наведе Груевски објаснувајќи зошто судењата се хајка против него.

Тој вели дека целта е да го понижат него и неговите соработници за да се покрие неуспехот ма владата, да се смени името на државата итн. И утрешното судење за случајот Титаник Груевски смета дека е наменски темпирано за тоа да биде прва вест наместо разговорите за името во Охрид.

– Адвокатите имаа право кога велеа дека ова е политички процес и не можат многу да помогнат. Јас не сум правник, но гледајќи ги преку медиумите судењата во Хашкиот трибунал, таму не се слуша повишен глас, не се препознава наклонетост на судот кон една странка – рече поранешниот премиер.

Според него, не постои случај во светот каде поранешен премиер одговара зошто остварил корист и одреден број пати користел ново службено возило наместо да се вози во возило старо 20 години.

Груевски посочи дека и сите искази на сведоците на СЈО биле во негова корист.
Тој наведе неколку факти зошто смета дека обвинението е неосновано. Кажа дека МВР мерцедесот можело да го набави и без тендер бидејќи тоа е законски дозволено, потоа дека тендерот бил законски, имало рок и се поднесувале понуди, а на постапката никој не се жалел. Трето, посочи тој, не станува збор за никакво фаворизирање на една фирма.
Тој ги обвини судиите дека одработуваат партиски и по наредба со цел да добијат нешто во своја корист, да бидат унапредени или затоа што се плашат.

Ако се суди и само според однесувањето на судиите, без разлика на нивниот партиски бекграунд, Груевски се сомнева и дека пресудите се однапред напишани.

На интерпелацијата во Собрание ако стигне поради судењето ќе присуствува, а за да биде таму, рече тој, ќе прифател судење и во сабота, но судот тоа го одбил.
На новинарско прашање дали се чувствува добро бидејќи секој ден е на судење рече дека во однос на здравјето засега е добро, но фактурата за тоа доаѓала подоцна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...