Груевски: Брутално нѐ негираат, опседнатоста на Бугарија со Македонците да заврши

1404
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот премиер и азилант Никола Груевски упати честититка по повод 11 Октомври, а на Фејсбук пишува и за последните условувања од Бугарија во однос на македонските преговори со ЕУ .

„Периодот на партизанската епопеја по кој Македонија и Македонците го реализираа својот вековен стремеж и сон на многу претходни генерации борци и жртви за слободата на Македонија. Во ова време на брутално и бескомпромисно негирање и прогласување за фалсификат на постоењето на македонскиот јазик, нација и особено посебноста како народ различен од бугарскиот пред 1944 година, денешниот наш празник од нашиот источен сосед за жал не само што се интерпретира поинаку, туку во духот на договорот за пријателство, се бара 11 Октомври да го означува почетокот на граѓанската војна помеѓу двете идеолошко спротиставени страни на бугарското население во Македонија, а кои по војната со сила и терор биле помакедончени. Да се надеваме дека овој период на опседнатост со нас Македонците и со нашата историја ќе заврши што побрзо и двете држави заеднички, а не само Македонија, ќе се свртиме кон иднината и соработката, без меѓусебни негирања и навреди“, пишува Груевски.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...