Груби: Целосно отстранети пречките за членство во НАТО и ЕУ

139

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, денес оствари средба со амбасадорот на Романија во Република Македонија, Виорел Станила.
На средбата Груби ги изрази своите очекувања дека постигнатиот напредок во имплементацијата на реформите, но и во целосното отстранувањето на политичките пречки, на претстојниот Самит на Унијата на крајот на месецот и на самитот на Алијансата ВО Брисел, ќе резултира со безусловно добивање на датум за преговори за членство во ЕУ и покана за во НАТО со што ќе се потврди евроатлантската иднина на Република Македонија.

Во врска со односите меѓу Република Македонија и Република Грција, Груби го поддржи постигнувањето на одржливото решение кое ќе ни ги отвори патот кон НАТО и ЕУ за Македонија и ќе придонесе кон мирот, стабилноста и безбедноста, како и раст на економскиот развој и социјална и општествена благосостојба.

Соговорниците разменија мислења за натамошно унапредување на билатералните односи како и за зајакнување на меѓудржавната соработка од взаемен интерес.

Амбасадорот информираше дека интеграцијата на државите од Западен Балкан ќе биде високо на листата на приоритети за време на романското претседателство со Советот на ЕУ во првата половина на 2019 година и во тој контекст, Груби се заблагодари за досегашната поддршка и изрази очекување дека истата ќе добие нов квалитет за време на романското Претседателство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...