Груби со шефот на НАТО: Никој да не го попречува Евроатлантскиот процес

220

ДУИ го подржува севкупниот процес за интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија како конкретен придонесувач во постигнување на Преспанскиот Договор, соопшти партијата по средбата на организацискиот секретар и пратеник Артан Груби со шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, Зоран Јанковиќ.

– НАТО и ЕУ се апсолутно приоритети на ДУИ, Албанците и на сите граѓани на Македонија, затоа, никој не треба да го оспорува овој процес. Евентуалното оспорување или загрозување на овој процес од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Беса и Алијанса, во ниту еден случај не треба да го стави под знак прашалник успешното завршување на овој голем и важен проект, не само за Македонија, но и за Југоисточна Европа, затоа што сите сносиме одговорност за овој процес, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...