Груби: Сите заедно со Ахмети чекавме да се гласа за одземање на имунитетот на Вељановски

1237

Пратеникот од ДУИ Артан Груби негира дека имале договор со ВМРО-ДПМНЕ за одземање на имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски. Тој тврди дека сите пратеници од ДУИ биле подготвени за гласање, но седницата била прекината. Дуи целосно го поддржува владеењето на правото без други партиски или било какви влијанија.

– Сите пратеници од ДУИ вчера беа присутни, од лидерот Али Ахмети, до болниот Агим Шакири. Но, пратениците не успеја да се воздржат од навреди, пцовки и недолични коментари – рече Груби.

Наспроти обвинувањата за соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Груби бвини за договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи според него ништо од тоа вчера немало да се случи ако претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски почекал да дојде заменик членот на Агим Шакири, на кој му се слошило.

Груби ги обвини новинарите дека шират лажни вести со видеото на кое се гледа како тој гестикулира на спикерот Џафери, да ја прекине седницата. Груби тврди дека реагирал да го прекине Мицевски на говорница, а не седницата.

Тој  вели дека владејачката коалиција функционира најнормално, дека многу важни работи сработиле заедно и уште многу работа ги очекува.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...