Груби: Не бараме да дипломираме без да ги положиме 35-те испити

338

Пред неколку дена, во името на сите членови на комисијата што ја предводам во Собранието, испратив писмо до сите мои колеги, Претседатели на Комисиите за Европски Прашања во парламентите на земијте членки на Унијата, рече пратеникот и претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби на денешната втора пленарна сесија на НКЕУ- МК која се одржа  во МНР.

– Во писмото, ја истакнав нашата недвосмислена и надпартиска определба за членство во Европската Унија и детално ги информирав за се што нашата земја има направено од Јуни 2017 година се до денес како и за сите реформски закони, кои ги донесе Собранието. Го постигнавме и ратификувавме Преспанскиот Договор, го потпишавме и ратификувавме добрососедскиот договор со Бугарија, го заокруживме нормативниот дел на Охридскиот мировен договор, Линконлски успешно го променивме уставот, усвоивме над 60 реформски закони консензуално, оддржавме локални и претседателси избори, референдум и најважно, го сменивме начинот на размислување и делување. Целосно – рече Груби.

Тој додаде дека сето тоа го направивме за себеси, за нашите граѓани, за заедничката иднина. Но, сепак, еден од пресудните фактори во надминувањето на овие тридецениски прашања беше поддршката и охрабрувањето од страна на нашите пријатели во Брисел и Вашингтон да бидеме храбри, државнотворни и да носиме одлуки кои што знаеме дека се неопходни, иако можеби немаат општа апсолутно поддршка и можат да не чинат избори.

– Два твита врамив во мојата канцеларија. Првиот е на Комесарот Јоханес Хан, а вториот е вчерашниот на Генералниот Секретар на НАТО Столтенберг. Двјацата ќе заклучат дека мојата земја ги има имплементирано сите барања на Брисел, дури и ги има надминато, и затоа недвосмислено заслужува датум. Повторувам, сите услови. Вчера, наследниците на тие што пред 62 години донесоа храбра визионерска, колоритна одлука во црнобелата историја, ја одложија одлуката. Ние не бараме да дипломираме без да ги положиме 35 испити. Ние бараме термин за да влеземе во училницата, во која што ќе треба константно да учиме за да ги положиме 35-те испити за на крај да дипломираме – вели Груби.

Тој додаде дека овој пат, убеден сум дека нема да дозволиме да и се наштети на демократијата која што ја изградивме и да се остраниме од патот дури ако целта се поместува повторно.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...