Груби: Нема никаков проблем помеѓу ДУИ и СДСМ

380

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на денешната прес-конференција рече дека неговата партија очекува изборите да се одржат на 12 април и дека Собранието ќе се распушти на 16 февруари, во недела.

Тој апелираше до политичките партии да ги изгласаат законите и да пристапат кон организирање на изборите.

– Изборите беа консензуално договорени кај претседателот Стево Пендаровски помеѓу сите политички партии и тогаш договоривме само датум за изборите, а не и датум за распуштање на парламентот. Јас сум убеден дека ова Собрание има капацитет да работи до недела и да ги изгласа законите. Инаку, ние како партија немаме никаков проблем со СДСМ, а вчерашното кочење беше единствено поради некоординираност. ДУИ апсолутно го поддржува законот за Јавно обвинителство и законот за Советот на јавни обвинители – истакна Груби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...