Пратеникот Артан Груби тврди дека не е точно оти на Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците му рекол дека го истепале во Собранието оти бил кукавица, како што пренесоa повеќе медиуми денеска од собраниската седница.
Груби тврди дека вака му се обратил на Села:
„Многу сте храбар на зборови, ама на дела ве нема. Ве немаше во 2001 година дури и кога имавте можност да покажете храброст, избегавте, ги оставивте зад вас Талат и Заев и изедовте ќотек бегајќи.“