ДУИ гарантира неповратност на Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедств. Ваквите гаранции ги пренел пратеникот Артан Груби пред Конгресот на САД и пред раководството на Комисијата за надворешна политика за време на неговиот престој во САД во рамките на молитвениот појадок.
За време на неговата посета на Вашингтон, Груби се сретна со конгресменот Елиот Енџел, Претседател на Комисијата за надворешна политика на Конгресот.
Енџел и Груби разговарале за политичките случувања во Македонија и регионот на Југоисточна Европа, како и за билатералните односи помеѓу Скопје и Вашингтон.
Енџел ја повторил американската поддршка за Македонија и членството на земјата во НАТО како и започнување на преговорите за членство во ЕУ, како и за севкупните реформи во земјата, заедно со континуираните напори за борба против корупцијата.
Груби и Енџел зборувале и за дијалогот Косово-Србија, истакнувајќи ја потребата за затворање на спорот со согласност на двете страни за доброто на регионот. Енгел изразил разочарување од неуспехот на ЕУ да ги либерализира визите и слободното движење за косовските граѓани.
Претходно, Груби го посети Атланскиот Совет каде учествувал на форум организиран од американскиот генерал Џејмс Џонс, поранешен Советник за национална безбедност на претседателот Обама и Врховен началник на силите на НАТО, за иницијативата „3 мориња“ на сојузот на земјите од Балтикот, Централна и ЈугоисточноЕвропа.