Симболиката на двоглавиот орел на пратеникот Артан Груби во емисија на ТВ24 предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Пратеникот во одбрана на партискиот лидер Али Ахмети и вицепремиерот Бујар Османи, кои со фотографија на која симболизираат двоглав орел ја прославија објавата на Законот за јазиците во Службен весник и самиот го покажа двоглавиот орел.
Груби се обиде да релативизра дека симболиката на двоглавиот орел е еднаква како кога фудбалерите се крстат или молат за време на фудбалски натпревар и измеша верски и национални симболи.
Новинарот го праша што сакаат да покажат Ахмети и Османи со фотографијата објавена на социјалните мрежи и за каква евроинтеграција зборуваат од ДУИ, а објавуваат фотографии на кои пропагираат национални симболи.