Груби им дава шанса на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се усогласат за пописот

300

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби рече дека ја прекинува работата по точката за пописот заради потреба од дополнителни усогласувања помеѓу политичките партии во врска со овој Предлог-закон.

– Ова е веќе втор обид како се обидувам Законот за попис во 2020 година да го ставам на седница на Комисијата за европски прашања, но и двата пати по бараање на двете најголеми парламентарни партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се одложува дебата за овој закон поради потреба од дополнителни консултации и доближување на ставовите по Предлог-текстот на законот. Затоа денеска ја отворивме седницата, го утврдивме дневниот ред со таа точка и ја прекинав седницата за да дозволам простор за усогласување помеѓу политичките партии врз основа на Предлог-текстот – изјави Груби.

Тој вели дека ДУИ во врска со овој текст нема никаков проблем, ниту тој како претседател на Комисијата за европски прашања.

– Сметаме дека овој Предлог-закон е прифатлив и затоа му дадовме поддршка во Владата и ќе го поддржиме во Собранието. Ќе видиме на кои ставови ќе се усогласат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ па потоа ќе ги дадеме  нашите ставови врз основа на нивните  забелешки. Јас немам видено никакви забелешки од страна ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, и сметам дека коалициски останува на овој Предлог-тескт кој исто така е прифатлив и за ЕУ – рече Груби.

Тпј вели дека ДУИ е отворена за дебата и се надева дека законот ќе биде усвоен навреме за да може да се  реализира пописот во април 2020 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...