Груби: Законот за јазиците се спроведува како мед и млеко, само Зеќири и Ѓулумсере може да ги гласаат амандманите

1860

На прашањето дали ДУИ би дали прифатиле да се расправа околу можните законски измени во Собрание, за законот за употреба на јазиците, пратеникот Артан Груби во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат рече дека за овој закон се расправа најмногу, веќе 17 години и не се се видело ништо лошо од едногодишото имплементирањето на двојазичноста во државата.

– Се надевам сите македонски политички партии ќе ни помогнат заедно да ги градиме капацитетите за да ги спроведеме препораките на Венецијанската комисија бидејќи тоа се препораки, а не барања за промена на законот. Тие велат, ако вие ги градите капацитетите, повелете и направете го. Цениме дека ние можеме да ги изградиме тие капацитети. Талат Џафери води седници на албански јазик и не доцнел ниту една минута на седниците, во владата се зборува албански, во секоја друга институција се зборува албански, се функционира мед и млеко и непречено. Затоа, не гледам проблем освен политички судири помеѓу страните околу овој закон. Не гледам ниту еден пратеник Албанец во Собранието на Република С. Македонија кој би гласал за такви амандмани. Можеби можат да гласат членови како Мухамет Зеќири или Ѓулумсере од СДСМ, но друг пратеник Албанец не верувам дека може да гласа – рече Груби.

На прашањето како би постапила неговата партија доколу ВМРО-ДПМНЕ на наредните избори добие мнозинство пратеници и бара албанскиот јазик да се врати назад, дали би прифатиле коалција, тој вели дека враќање назад нема.

– Ние сме поставиле условно речено, црвени линии во нашата програма за резолуциите што ќе ги усвоиме во наредниот конгрес. Првото е дека нема враќање назад на Рамковниот договор, нема враќање од Преспанскиот договор и нема враќање од Договорот за добрососедство. Ова значи дека овој Закон за употреба на јазиците апсолутно ќе продолжи да важи и да се спроведува и заедно со идните коалициски партнери ќе ги градиме капацитетите за да го спроведеме токму овој закон во сите институции. Овој закон, а не некој друг закон – рече Груби.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...