Пратеникот и организациски секретар на ДУИ, Артан Груби не му остана должен на потпретседателот на СДСМ Муханед Зеќири за коментарот на нивните можни консензуални кандидати за претесдател на државата.
– Една наша поговорка вели дека детето кажува сѐ што се случува дома. Домашните проблеми не можеш да ги решиш покажувајќи со прст кон соседот, напиша на Фејсбук Груби алудирајќи на Зеќири.
Алузијата е дека „дома“ ја претставува СДСМ, „детето“ е Зеќири, а „соседот“ е ДУИ.
Зеќири коментирајќи ја листата на ДУИ за консензуален претедател на која се најдоа Денко Малески, Лазар Еленовски, Владо Поповски и Луан Старова, напиша дека треба да ја дополнат и со Влатко Ѓорчев.
Фејсбук преписката меѓу функционери од владеачката коалиција се засилува во пресрет на одлуката СДСМ и официјално да соопшти дека со ДУИ на претседателските избори ќе настапат со консензуален кандидат и чиј кандидат ќе ја добие поддршката на СДСМ или на ДУИ.