Пратеникот од ДУИ Артан Груби смета дека воопшто не треба да се дискутира за Законот за употреба на јазиците, бидејќи употребата на мајчиниот јазик било право дадено од Господ.
– Се двоумев цел ден дали да учествувам во емисијава, бидејќи сметам дека е апсудрдно да разговараме за употреба на, од Господа дадено право за упореба на мајчин јазик, за каква употреба и да станува збор, особено со вас тројца Македонци – рече Груби во „Топ тема“, каде дебатираше со Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката од НСДП, коалициски партнер на СДСМ, Соња Мираковска.
Според него апсурдна е реакцијата на сите македонски партии, па и медиуми, топ и најчувствителна тема да биде Законот за јазици за употребата на албанскиот јазик.
.