Гром ја погоди највисоката зграда во светот Бурџ Калифа ВИДЕО

1145

Највисоката зграда во светот Бурџ Калифа, која се наоѓа во Дубаи, денеска беше погодена од гром.

Во текот на викендот Обединетите Арапски Емирати се зафатени од поројни дождови, кои поплавија многу улици и предизвикаа метеж во сообраќајот.

Поради невремето меѓународниот аеродром во Дубаи, кој е еден од најфреквентните во светот, вчера ги откажа летовите. Авионите беа принудени да слетуваат на блискиот аеродром „Ал Мактум“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...