Невремето пропратено со обилни дождови и силен ветер синоќа предизвика значителна штета во Хрватска.
Во Загреб едно лице вчера е повредено, откако гром го запали неговиот дом.
Поради невремето пожарникарите во главниот град на Хрватска интервенирале повеќе од 30 пати.
Во Сисак ветерот корнеше дрва, а надојдената вода поплави повеќе објекти.