Гробиштата пренатрупани, се жалат христијанските гласачи во Мумбај

111

Христијанските гласачи во индискиот град Мумбај бараат повеќе гробни места пред одржување на националните избори следниот месец, тврдејќи дека се приморани да ги ставаат телата на починатите едно преку друг, бидејќи гробиштата се пренатрупани.

Христијаните сочинуваат 2,3 проценти од вкупната индиска популација, а околу 900.000 од нив живеат во финансискиот центар Мумбај (Бомбај).

Мумбајските христијани сакаат да го слушнат тоа што тие сакаат и да додадат гробни места на листата на работи за кои се разговара пред одржувањето на избори на 11 април.

– Ќе се сретнеме со кандидатите и ќе разговараме за гробни места – изјави Касабер Аугустин, член на Бомбајскиот католички совет.

Членови на заедницата се сретнаа во текот на викендот за да разговараат за тој проблем и денеска покренаа хаштаг  #NoCemeteryNoVote (Нема гробишта нема глас).

– Заедницата нема друг избор, освен да погребува тело преку тело. Користиме покров за да заштедиме простор – вели Аугустин.

Во Мумбај постојат шест јавни гробишта и уште три во соседниот дистрикт Тане.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...