Гркот Циципас ја освои првата АТП титула

382
Стефанос Циципас ја освои првата АТП титула во својата кариера, по триумфот на турнирот во Стокхолм во Шведска, каде наградниот фонд изнесува 612.755 евра.
Дваесетгодишниот Грк го победи Ернест Гулбис со 6:4, 6:4.
Циципас годинава загуби две финалиња, но овојпат беше беспрекорен и ја освои титулата во Стокхолм по час и 22 минути игра.
Грчкиот тенисер на ист начин ги освои првите два сета, со по еден брејк во десеттиот гем, што беше доволно за успех.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...