Грипот нема да прогласи вонреден распуст барем уште една недела

Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата за една до две недели. не е исклучена и таа мерка, секако, и ќе ја прогласиме ако продолжи да се зголемува бројот на заболени кај оваа популација - нагласи д-р Кузмановска. 

499

Меѓу новозаболените 3.700 лица од грип оваа недела најмногу се на возраст од 5 до 19 години, но сепак се уште нема да биде прогласена мерката вонреден распус за  учениците во основните и средните училишта – потврди денеска д-р Гордана Кузмановска, раководителка на одделот епидемиологија во Институтот за јавно здравје.

Како што веќе објави Плусинфо, грипот ја однесе и првата жртва во земјата- 14 годишно девојче вчера починало на Клиниката за детски болести поради компликации од ова заразно заболување.

– Има вкупно 10. 700 заболени од грип, што е повеќе од минатата сезона во ова време. Досега заболуваа најчесто постари лица и деца до 4-годишна возраст, но оваа недела најголема распространетост на вирусот се забележува токму кај школската полулација – кај деца од пет до 19 години. Ја следиме состојбата, засега нема да ја прогласиме мерката распуст за учениците поради грипот, но ќе видиме каква ќе биде ситуацијата за една до две недели. не е исклучена и таа мерка, секако, и ќе ја прогласиме ако продолжи да се зголемува бројот на заболени кај оваа популација – нагласи д-р Кузмановска.

Неделава има 3.600 новозаболени од грип, што исто така, е најмногу досега.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...